Баерн „крева раце“ од Левандовски: Алваро Мората ќе го замени Полјакот на „Алијанц“

Германскиот шампион Баерн Минхен, ќе се обиде да го ангажира напаѓачот на Челси Алваро Мората, како замена за Роберт Левандовски кој летово речиси сигурно ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ и ќе стане нов член на Реал Мадрид.

Иако раководството на „баварците“ претходно потенцираше дека нема да продаде ниту еден играч доколку тие самите не се одлучат да се ослобоидат од него, но очигледно Левандовски инсистирал на заминување, а одредени медиуми велат дека веќе започнал преговори со Реал. Баерн нема многу избор, на местото на Левандовски мора да пристигне адекватна замена, а Мората е примарната цел.

Шпанецот е рекордно засилување во историјата на „сините“ кој изминатово лето пристигна за 65 милиони евра. Мората добро ја започна сезоната постигнувајќи осум погодоци на првите девет меча, но проблеми со грбот го спречија да продолжи во континуитет да постигнува голови. Голгетерот наводно е мета и на ПСЖ, „светците“ ја разгледуваат опцијата токму Мората да биде долгорочна замена за Единсон Кавани.

Се вчитува...