Баерн Минхен го обезбеди потписот на уште еден дефанзивец

Баерн Минхен веќе почна да го креира тимот за следната сезона. Клубот веќе ги продолжи договорите со неколку клучни играчи, а сега клубот сака да се засили и со Флоријан Вирц и со Џонатан Та од Баер Леверкузен.

И додека трансферот на Та е веќе готова работа, за Вирц допрва ќе се преговара. Меѓутоа Баерн Минхен денеска му го обезбеди на Та играчот со кој ќе ја сочинуваат одбраната. Станува збор за Дајот Упамекано, со кого договорија продолжување на соработката.

Според изворите од Германија, Французинот ќе потпише нов договор со важност до 2030 година. Тој е еден од клучните играчи, и со него и со Та, Баерн ќе го има еден од најдобрите стоперски тандеми не само во Бундеслигата, туку и во Европа. Не треба да се заборави дека тука е и Ким Мин Јае, како и Хироки Ито.

Се вчитува...