Баерн Минхен и Арсенал во трка за дефанзивец на Ајакс

Германскиот првак Баерн Минхен се вклучи во трката за дефанзивецот на Ајакс, Матијс де Лигт. Младиот 18-годишен централен одбранбен фудбалер импресионираше со своите игри оваа сезона, а скаутите на баварскиот клуб ги забалежаа неговите квалитети. Раководството на клубот е подготвено да плати 40 милиони евра за да го доведе на „Алијанц арена“ во летниот преоден рок.

Но, и Арсенал веќе подолг период го следи Матијс де Лигт. „Топчиите“ се познати по ангажманот на млади и талентирани фудбалери кои добиваат шанса за настап на „Емирати“, па следната цел на Арсен Венгер и неговите скаути е токму Де лигт. Останува да се види кој клуб ќе биде поумешен да го ангажира играчот на Ајакс, иако не е исклучено во трката да се вмешаат и Барселона и Реал Мадрид.

Се вчитува...