Баерн Минхен и Борусија Дортмунд во трка за Родригез

Германските гиганти Баерн Минхен и Борусија Дортмунд се во трка за ангажман на швајцарскиот интернационалец Рикардо Родригез од редовите на Милан. Тој има искуство од Бундес-лигата, каде во минатото го носеше дресот на Волфсбург, а сега би можел повторно да се врати на голема врата во германскиот шампионат.

Спортскиот директор на баварскиот клуб, Хасан Салихамиџиќ, веќе ги направил првичните контакти со раководството на Милан, соопштувајќи дека Милан е подготвен да плати 15 милиони евра за неговите услуги. Од друга страна, Борусија Дортмунд исто така е заинтересирана за Рикардо Родригез, но засега нема конкретна понуда доставена до „росонерите“.

Се вчитува...