По доаѓањето на Лени Јоро од Лил, желба на Манчестер јунајтед е дефанзивецот на Баерн Минхен, Матијс де Лихт, но се чини дека нема да биде така лесно. Конечно стигна понуда од „Олд трафорд“ на адреса на Баерн, таа е 35 милиони евра, но Баварците категорично ја одбиле.
Медиумите на Островот претходно објавија дека Де Лихт постигнал договор со Јунајтед во однос на личните услови. Она што го бара Баерн се 50 милиони плус бонуси, па Јунајтед засега е доста далеку од тоа.
Германскиот новинар Кристијан Фалк најавува дека преговорите ќе продолжат бидејќи и Де Лихт сака да премине во редовите на клубот каде има многу сонародници. Освен менаџерот Ерик тен Хаг, кој своевремено го тренираше во Ајакс, има и цел професионален тим со Руд ван Нистелрој, Рене Хаке и тренерот на голманите Јеле тен Рувелар.
Покрај тоа, холандскиот репрезентативец Џошуа Зиркзе летово стана член на Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА