Баерн Минхен ја продолжи соработката со Џошуа Кимих до 2023 година

Фудбалерот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, потпиша нов петгодишен договор со кој ќе остане на „Алијанц“ арената до 2023 година. Германскиот репрезентативец се истакна како идеална замена за легендарниот бек на „баварците“ Филип Лам, а Кимих одлично ја извршува задачата на десната бековска позиција откако се пензионира долгогодишниот капитен.

„Пресреќен сум што што го продолжив договорот. Со тоа што раководството одлучи да ми понуди нова соработка додека сезоната се уште е во тек, покажува дека го ценат сето она што секојдневно го давам за овој клуб. Ме радува што имаа доверба во мене, овој договор е важен фактор за моите долгогодишни планови. Секако благодарен сум што пред се ми дадоа прилика да се докажам дека вредам да го носам овој дрес, имаме исти амбиции кои сметам дека со напорна работа ќе можеме да ги оствариме“, истакна Кимих за официјалната веб-страница на германскиот првак.

23-годишниот десен бек кој може соодветно да игра и на позицијата играч за врска, се приклучи на баварскиот тим во 2015 година од редовите на Лајпциг, а досега настапи на 103 натпревари постигнувајќи 13 погодоци. Кимих е член и на националниот состав на Германија, настапи на ЕП 2016 во Франција, а исто така имаше голема улога во освојувањето на Купот на Конфедерации изминатово лето.

Се вчитува...