Челниците на Баерн Минхен со големо внимание ја следат ситуацијата со Флоријан Вирц кој никако да ги оправда 135-те милиони евра кои Ливерпул ги плати за него минатото лето.
Вирц досега одигра 54 натпревари за Ливерпул во сите натпреварувања и постигна седум гола и има девет асистенции. Сезонава, Германецот сè уште не се запиша во листата на стрелци.
Навивачите и легендите на Ливерпул, сè се погласни во барањата Вирц да биде продаден, а излезот од агонијата може да биде германскиот шампион.
Според “Тимток“, во Баерн Минхен ја следат ситуацијата со Вирц и со задоволство би го ангажирале доколку Ливерпул го стави на трансфер листата.
Баерн сакаше да го купи Вирц уште минатото лето, но не достави понуда до Баер Леверкузен бидејќи тогаш фудбалерот јавно кажа дека сака кариерата да ја продолжи во Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
