Баерн Минхен потврди: Потпишан тригодишен договор со Нико Ковач!

Хрватот Нико Ковач и официјално e нов тренер на германскиот гигант Баерн Минхен. Од баварскиот клуб денеска потврдија дека е потпиша договор со Ковач кој тимот треба да го преземе од 1. јули 2018 година.

„Нико Ковач е наш нов тренер! Ќе ја преземе клупата на Баерн од 1. јули 2018 година. Со Нико потпишавме договор на три години до 30. јуни 2021 година“ – се вели во официјалната објава на Баерн Минхен.

Нико во Баерн Минхен со себе го води и својот брат Роберт кој исто така играше во дресот на славниот баварски клуб.

„Среќни сме што можеме да го претставиме Нико како наш нов тренер“ – истакна спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ и дополни:

„Нико беше фудбалер во Баерн и многу добро го познава нашиот карактер, структура и ДНК на клубот. Убедени сме дека е вистинскиот избор“.

Поранешниот хрватски селектор играше за Баерн од 2001 до 2003 година и во 34 натпревари во Бундеслигата постигна три гола. Хрватот во Баерн ќе го наследи Јуп Хејнкес.

Се вчитува...