Баерн Минхен се ’загреа’ за Набил Фекир

Германскиот првак Баерн Минхен се вклучува во трката за ангажман на офанзивниот играч на Лион, Набил Фекир. Тој е цел и на англискиот премиерлигаш Ливерпул, но понудата од „Алијанц арена“ дефинитивно би можела да ги промени неговите планови за иднината.

Фекир имаше одлична сезона во дресот на Лион. 24-годишниот фудбалер, кој може да игра и како офанзивен играч за врска, но и како напаѓач, постигна 18 гола и забележа седум асистенции на 30 натпревари за францускиот тим. Има договор до 2020 година, но Баерн Минхен е подготвен да плати отштета од 50 милиони евра, со оглед дека тој е еден од омилените фудбалери на новиот тренер Нико Ковач, кој треба да го преземе тимот од Јуп Хејнкес.

Се вчитува...