Бајиќ: Честитки за момците, сепак се уште ништо не е готово

Македонија стигна до првата победа во „балонот“ во Скопје во претквалификациите за пласман на Светското првенство 2023 година откако ја совлада Словачка со 69-47. Селекторот на Македонија, Драган Бајиќ вели дека е задоволен од играта, но и покрај победата дека ништо не е решено.

„Четитки за момците за добриот натпревар. Благодарност и до публиката, тие беа еден голем ветер во грбот. Се надевам дека со Швајцарија ќе бидат во што поголем број. Освен во втората четвртина, во другите одигравме добро. Сосема заслужена победа. Сега следи Швајцарија, со која имавме голем притисок во првиот натпревар. Јас не им го создав, туку целиот нов тим. Во последните два дена работевме да го тргнеме притисокот и работите испаднаа добро. Исто и оваа победа ништо не ни значи, како оној пораз од Швајцарија. Не се плашиме од никого, така ќе биде и понатаму. Се што е добро им препишувам на играчите, се што е лошо оди на моја душа“, изјави селекторот Бајиќ.

Се вчитува...