Бајиќ го скрати списокот за ноемвриските квалификации – Дефинитивно без Димитријевиќ против Шпанија и Украина

Селекторот на нашата машка сениорска репрезентација, Драган Бајиќ, го скрати списокот на кошаркари на кои ќе смета за ноемврискиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.

Со оглед на времето до првите квалификациски обврски, односно првиот натпревар од квалификациите за СК, закажан за 26.ноември во Скопје, кога го пречекуваме репрезентацијата на Шпанија, селекторот Бајиќ се определи за список од 15. кошаркари.

Првиот собир на нашиот сениорски национален тима е предвиден да биде вечерва, во хотелот „Double tree by Hilton“ во Скопје, каде ќе биде и „базата“ на нашата најдобра машка селекција во овој квалификациски циклус.

Од 19.30 часот, предвидена е заедничка вечера, а веќе од понеделник стартуваат мини-подготовките пред почетокот на Светските квалификации. Во првиот ФИБА „прозорец“ за пласман на Светскиот Куп 2023, на 26. ноември, во Скопје, играме против актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Шпанија. Натпреварот ќе се игра во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, со почеток од 19.30 часот (директен пренос на Спорт Клуб).

По средбата со Шпанија, на 29. ноември следува и онаа против репрезентацијата на Украина, која ќе се игра во „Палатата на спортовите“ во Киев. Согласно со планот на подготовките, нашите најдобри кошаркари ќе работат во два дневни термини. Утринските тренинзи се предвидени од 10, а вечерните од 18.часот, во салата на СЦ „Јане Сандански“. Согласно планираното на стручниот штаб, предводен од селекторот Драган Бајиќ, ќе се тренира и на денот на одигрување на натпреварот со „црвената фурија“, на 26. ноември.

СПИСОК НА ИГРАЧИ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

(ЗА ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ – НОЕМВРИ 2021)

Бојан Крстевски силно крило 206 1989 МЗТ Скопје Аеродром

Кристијан Николов бек 187 1996 МЗТ Скопје Аеродром

Дамјан Робев бек-шутер 193 1997 МЗТ Скопје Аеродром

Адем Мекиќ бек-крило 195 1995 МЗТ Скопје Аеродром

Дамјан Стојановски бек-шутер 198 1987 МЗТ Скопје Аеродром

Бобан Стајиќ бек 185 1993 Пелистер

Стојан Ѓуроски крило 202 1991 Пелистер

Љубомир Младеновски силно крило 207 1995 Пелистер

Виктор Ефремовски бек-шутер 194 1998 Гостивар

Андреј Маслинко крило 208 1997 ТФТ

Кирил Николовски силно крило 210 1988 Кожув

Лејсон Зекири крило 203 2001 Приштина-Косово

Андреј Магдевски бек 192 1996 АСУ Плоешти-Романија

Теодор Симиќ центар 216 2004 Барселона-Шпанија

Џејкоб Вајли силно крило 203 1994 Будуќност-Црна Гора

Селектор: Драган Бајиќ

Асистент: Александар Јончевски

Асистент: Адмир Прасовиќ

Се вчитува...