Во македонскиот табор владее оптимизам и добро расположение откако на денешната ждрепка нашите кошаркари ги добија Шпанија, Грузија и Украина за ривали во квалификациите за СП 2023.
Селекторот Драган Бајиќ сепак гласно предупредува дека станува збор за ривали кои нималку не се наивни.
„Добивме група која не изгледа како атрактивна, но не е ниту лесна. Сепак мојата тренерска филозофија вели дека повеќе сакам противниците да размислуваат за нас, отколку ние за нив. Така е и овојпат. Во разговорите со колегите кои се тука во Женева, дознав дека се вложува многу. И во Грузија, и особено во Украина, тоа се сериозни селекции, за шпанската не сакам да дискутирам. Но во мојот реченик не постои зборот предавање“, истакнува Бајиќ
Селекторот вели дека овие најмалку шест натпревари се всушност продолжение на планираните активности откако дојде на кормилото на нашиот сениорски национален тим.
„Јасна е визијата, сакаме низ овие натпревари да им дадеме уште поголем прилика на помладите. Верувајте во секој прозорец тоа ќе биде и видливо. Овие мечеви би биле само континутитет на реализација на плановите. Искрено се надевам дека во наредниот циклус ќе ги имаме на располагање и играчите кои не беа во можност да бидат дел од селекцијата, пто не бепе слушај овој месец. И сите заедно да уживаме и да напредуваме низ овие квалификациски натпревари. Се надевам дека зад нас ќе останат проблемите со короната, дека ќе се врати оној стар систем на натпреварување“- вели селекторот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА