Бакнежи на Чаир за Исени, Шкупи стигна до третото место (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шкупи го совлада Работнички со 2-0 и се искачи на третата позиција на табелата, веднаш зад Академија Пандев и зад Вардар кои маршираат силно и имаат завидна предност пред останатите екипи во лигата. Бесар Исени го „начна“ Работнички откако искористи едно невнимание на гостинската одбрана, а во вториот дел Сержињо го потврди триумфот.

Видлива е разлика откако раката на Ќатип Османи сериозно се зафати на Чаир. Сега Шкупи повторно размислува за излез во Европа.

Работнички, од друга страна, се уште е во голема криза и остана на дното со само 10 бода. Промената на клупата не донесе ефект, барем според прикажаното на Чаир.

 

Се вчитува...