„Баксузната“ Осака повторно нема да игра на Вимблдон

Јапонската тенисерка Наоми Осака ја разочара тениската јавноста откако и официјално соопшти дека нема да настапи на претстојниот гренд слем турнир Вимблдон поради повреда на ногата.

Таа на својот профил на Твитер објави дека се уште не е целосно опоравена од повредата и поради тоа не сака да ризикува.

Јапонката и претходната година не беше подготвена за настап на зелената подлога во Англија, а иста судбина ја снајде и годинава.

Наоми Осака моментно е на 43 место на ВТА ранг-листата, а досега има четири гранслем титули, на УС Опен победи два пати (2018 и 2020) и два пати на Австралија Опен (2019 и 2021), додека најголем успех на Вимблдон и е пласманот во третото коло.

Се вчитува...