„Балонот“ на кошаркарите ќе се игра пред 250 навивачи

Естонските власти донесоа одлука да биде дозволено присуство на публика на претстојниот квалификациски турнир за Евробаскет 2021, но во крајно лимитирана бројка.

Салата во Талин каде ќе се играат натпреварите е со капацитет од 5.000 седишта, но според одлуката на властите кошаркарските натпревари ќе можат да ги следат само 250 навивачи. Новите законски одредби стапуваат на сила за неколку дена, односно на 28. ноември, на денот на започнувањето на „активностите“ во „балонот“ во „Саку Сурхал“ Арената во Талин.

Дефинитивно, поволна вест за нашиот национален тим, кој во оној натпревар на одлука, закажан за 30. ноември, против себе ќе нема и полна сала со домашни навивачи.

Се вчитува...