Балотели ја напушта Серија А и се сели во Галатасарај

Контроверзниот италијански фудбалер Марио Балотели повторно ќе ја напушти Серија А на крајот од сезоната. Тој е член на последнопласираната Бреша, а претседателот на клубот најави дека можеби и нема да ја доигра сезоната од пиетет кон починатите од пандемијата на коронавирусот во Италија.

Следната дестинација на Марио Балотели треба да биде Турција, пишува „Газета дело спорт“. Великанот Галатасарај, поранешниот клуб на Горан Пандев, е подготвен да му понуди на Балотели договор на две сезони, со можност и за продолжување за уште една дополнителна година. Балотели има 29 години и се уште е доволно квалитетен за да може да биде еден од адутите на Галатасарај во битката за шампионската титула во Турција. Тој досега го носеше дресот на Лумецане, Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница и Олимпик Марсеј. За репрезентацијата на Италија одигра 36 меча и постигна 14 гола.

 

Се вчитува...