Балотели „удри“ по Манчини: „Не стануваш крал со бркање на кралицата“

Селекторот на италијанската репрезентација Роберто Манчини, запрашан за можноста да го врати Балотели во селекцијата, со оглед дека има проблеми во нападот, кажа дека „таа приказна е завршена“.

Контроверзниот напаѓач и моментално член на Сион, стигна да му одговори на селекторот, со кој не се во најдобри односи уште од времето на Манчестер Сити, иако во март минатата година беше повикан на тест натпреварите пред баражот со Македонија.

„Не стануваш крал со тоа што ќе ја избркаш кралицата“, напиша Балотели на „Инстаграм“.

Балотели и натаму се надева дека ќе го облече италијанскиот дрес, и покрај тоа што во моментов е далеку од тоа, па макар Италија има проблеми. Пред неколку недели Манчини го натурализираше Ретеги, кој беше прва опција во првите два квалификациски натпревари со Англија и со Малта.

Се вчитува...