Бараж: Волфсбург обезбеди опстанок во Бундес-лигата

Фудбалерите на Волфсбург успеаја да ги остават зад себе разочаруваките игри во поголемиот дел од сезоната и да обезбедат опстанок во Бундес-лигата, откако и на вториот меч од баражот беа подобри од второлигашот Холстен Кил.

Откако го добија првиот дуел на домашен терен со 3-1, „волците“ славеа и на гостувањето со минимални 0-1, благодарение на голот на Кнохе постигнат во второто полувреме.

Претходно, од елитното германско фудбалско друштво испаднаа Келн и Хамбургер, а на нивно место во првата лига ќе се преселат Фортуна Дизелдорф и Нирнберг.

Се вчитува...