Барбарез емотивен: Ова не се солзи од тага, туку од радост и гордост

Пораз од САД со 2-0 и елиминација од Светското првенство доживеа селекцијата на Босна и Херцеговина, која имаше историски Мундијал со пласман во нокаут фазата.

После елиминацијата и поразот, селекторот Сергеј Барбарез не ги криеше своите емоции, па дури имаше и солзи.

„Ти благодарам татковино. Овие солзи по мечот не беа солзи на тага, туку солзи на радост, среќа и гордост. Солзи на благодарност што имам можност да го правам она кое го сакам, да пишувам историски моменти и на крајот да имам привилегија да работам со овие прекрасни играчи“, изјави селекторот.

Тој истакна дека БиХ даде се од себе да испише нова историја, но на крајот тоа не донело добар резултат.

„Нашата приказна тука е завршена, но нашето патување продолжува со крената глава. Ви благодариме за секоја емоција, за секоја насмевка, надеж, секој поминат километар, секоја непроспиена ноќ“, рече Барбарез.

Се вчитува...