Барди го понесе Леванте до реми со Гетафе… (видео)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го одигра второто полувреме за Леванте во ремито (1-1) против Гетафе во Валенсија, во рамките на 9. коло од Примера дивизијата.

Барди внесе огромна свежина во играта на домашните, притоа стартувајќи ја и акцијата со испратена извонредна топка во противничкиот шеснаесетник, по која Моралес во 62. минута донесе израмнување…

Леванте го запиша и третото едноподруго реми во шпанскиот шампионат, сега со 11 бода наоѓајќи се на делба на десеттата позиција на табелата.

Се вчитува...