Барди и Алиоски по 90 минути во ремијата на Леванте и Лидс

Македонските репрезентативци Енис Барди и Езгијан Алиоски одиграа по 90 минути за шпански Леванте односно англискиот Лидс во денешните натпревари од Примера и Чемпионшип лигата во Англија.

Барди ја одигра целата средба за Леванте кој ремизираше без голови на гостувањето против Малага. Леванте, по ова реми, со 16 бода е на делба на 12-та позиција на табелата, додека Малага е на 18. место со само 8 освоени бодови во досегашниот тек од шпанскиот шампионат.

Алиоски, пак, на дуелот на Лидс во ремито (1-1) против Астон Вила играше до 93. минута кога беше заменет само на некоја секунда пред официјалниот крај на натпреварот.

Лидс со 30 бода е на седмата позиција на табелата во Чемпионшип лигата.

Се вчитува...