Барди и Леванте убедливо поразени на домашен терен од Гранада (ВИДЕО)

Со дуелот меѓу Леванте и Гранада вечерва беше заокружено 12-то коло од шпанската Ла Лига, а македонскиот фудбалер Барди и неговите соиграчие беа убедливо поразени на домашен терен со високи 0-3.

Гостите победата ја најавија уште во раната фаза од овој натпревар, а Герман Санчез во 7. минута беше фудбалерот кој ја донесе првата радост на својот тим. До крајот на првото полувреме Гранада го зголеми водството на 2-0, стрелец на овој погодок беше Луис Суарез во 38. минута. Конечниот резултат го постави Антонио Пуертас во 69. минута.

Леванте по овој пораз и понатаму останува во зоната на испаѓање со само шест бода, додека Гранада со единаесет поени е на четиринаесетата позиција.

 

 

 

Се вчитува...