Енис Барди потпиша со Леванте до 2022 година

Енис Барди ќе продолжи да го носи дресот на Леванте и во наредниот период, откако македонскиот ас денеска и официјално потпиша нов договор со шпанскиот прволигаш. Барди имаше извонредна прва сезона во „Ла Лига“, промовирајќи се во еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во Шпанија, со самото тоа привлекувајќи сериозно внимание од клубови од Шпанија, Италија и Англија.

Барди имаше клаузула од 25 милиони евра во својот договор, па токму затоа раководството на Леванте реагираше и инсистираше на нов договор со двојно повисока сума за отштета во случај на предвремен прекин на соработката.

„Енис Барди и Леванте постигнаа договор за продолжување на соработката за уште две дополнителни сезони. Остануваме заедно до 30 јуни 2022, со опција за уште две сезони плус. Македонецот стигна во нашиот клуб во 2017 година и веднаш стана еден од клучните играчи, постигнувајќи девет гола“ – објави Леванте на својата веб-страница.

Се вчитува...