Барди: Сега сите чекаат гол од секој мој слободен удар, но тие не се пенали!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е во фокусот на шпанските медиуми и по официјалното потпишување на новиот договор со Леванте.

Во поопширно интервју за „Супердепорте“, Барди потенцира дека е среќен што има нов договор со Леванте и што останува верува на подолго во клубот кој навистина го засакал од срце…

„Се чувствувам како отсекогаш да сум бил тука, затоа што Леванте живее како едно семејство а јас го пронајдов на најдобар може начин своето место тука“ – вели Барди.

Секако, најинтерсна тема од која не може да се избега се неговите слободни удари и притисокот кој сега го чувствува откако веќе сите очекуваат постојано погодок на тој начин од него.

„Мора да кажам дека сите ме препознаваат по слободните удари сега, но не сакам да биде така. Затоа што најважно е како ќе одигра тимот, како ќе допринесам во многу сегменти од играта во која знам дека можам уште повеќе да се подобрувам. Од слободен удар можеш да донесеш победа на неколку натпревари, но не постојано. Тие не се доволни сами по себе за успех. Интересно е дека фановите сега очекуваат од мене да постигнам гол од секој слободен удар. Јас се трудам да биде така и максимално се концентрирам пред секое изведување. Но, не смееме да заборавиме дека слободните удари не се пенали“ – истакнува македонскиот репрезентативец.

Се вчитува...