Барди во фокусот на фудбалска Европа: „Снајперистот“ е македонскиот Дејвид Бекам (ФОТО)

Не можеше да остане незабележан од поголемиот дел на фудбалска Европа новиот извонреден погодок на македонскиот репрезентативец Енис Барди со кој донесе победа за својот Леванте во шпанската Ла Лига.

Па, веднаш се активираа споредбите за Барди за кого шпанска Марка донесе наслов: „Не викајте го Барди, затоа што тој е ‘снајперистот’!’.

Дел од англиските медиуми пренесувајќи го ремек делото на македонскиот фудбалер во своите текстови го споредуваат со легендарниот Дејвид Бекам, а српските пак со легендарниот Милинко Пантиќ препознатлив по извонредните слободни удари во периодот од 1995 до 1998 година кога го носеше дресот на Атлетико Мадрид.

А, тоа што Енис го порачува е единствено дека не планира тука да заврши. Во иднина сигурно Европа очекува уште многу ремек дела од неговиот репертоар….

 

Се вчитува...