Барди: Знаев дека ќе дадам гол, не престанав да верувам во себе

Енис Барди повторно се најде во центарот на вниманието на шпанската фудбалска јавност со фантастичниот погодок што нашиот репрезентативец го постигна во мадридскиот „Колосеум“, за триумф на Леванте на гостувањето против Хетафе. Со најновото ремек-дело Барди само потврди зошто е споредуван со Лео Меси кога станува збор за слободните удари, а по мечот македонскиот ас ја потврди својата скромност, подредувајќи се на колективниот успех.

„Веќе реков дека не сум опседнат со моите голови, туку сакам да помогнам тимот да победува. Затоа денеска сум пресреќен, бидејќи го постигнав својот прв гол сезонава, а воедно и ги донесов трите бода. Беше многу тешко, знаевме каков предизвик е пред нас, но одговоривме на вистински начин и триумфиравме. Не чувствував притисок, знаев дека ќе дадам гол и во ниту еден момент не престанав да верувам во себе“ – изјави Барди по дуелот со Хетафе во Мадрид.

Се вчитува...