Баркола и Ливерпул, разликата е 50 милиони евра

Веќе нема дилеми, Бредли Баркола е фудбалерот што Ливерпул сака да го доведе како наследник на Мохамед Салах, „црвените“ веќе начелно ги договорија и личните услови со крилниот офанзивец, но сега доаѓа потешкиот дел од задачата, да се постигне договор со ПСЖ околу висината на отштетата.

„Светците“ веќе ставија до знаење дека нема така лесно да се откажат од францускиот репрезентативец, проценувајќи го на огромни 170 милиони евра.

Од Ливерпул испратија порака дека немаат намера да платат толкаво богатство, па првата понуда е значително пониска – загарантирани 105 милиони евра, плус 15 милиони поврзани со неколку клаузули за освојување на Премиер-лигата или Лигата на Шампионите во наредните пет години.

Разликата е 50 милиони евра, тешко е да се поверува дека ПСЖ од прва ќе прифати Баркола да замине на „Енфилд“, но останува да се види дали двете страни можат да најдат заеднички јазик за овој мегатрансфер да биде реализиран.

Се вчитува...