Баркола на крајот ќе заврши во Арсенал?

Бредли Баркола би можел да биде главна ѕвезда во финишот на летниот преоден рок. Францускиот репрезентативец се наоѓа на радарот на неколку европски гиганти. Најсериозен интерес за неговите услуги покажуваат премиерлигашите Ливерпул и Арсенал.

Лондонскиот клуб повторно го активира интересот за Баркола како приоритет за левата крилна позиција. Оваа одлука доаѓа откако на „топчиите“ им пропадна обидот за ангажман на Винисиус Жуниор. Баркола совршено се вклопува во профилот на Микел Артета, бидејќи тој е млад, брз и технички извонреден.

Од друга страна, Ливерпул е подготвен да понуди околу 115 милиони евра за 23-годишниот Французин. Сепак, ПСЖ нема лесно да го пушти својот играч. Парижаните бараат сума од над 150 милиони евра.

Се вчитува...