Барнли е се поблиску до Чемпионшип, Вест Хем „падна“ против Брентфорд

Барнли повторно е блиску до испаѓање во Чемпионшип-дивизијата откакооваа екипа го загуби денешното „дерби на дното“ од „фенерџијата“ Норвич со 2-0. „Канаринците“ се речиси сигурно испаднати, но денеска одиграа максимално мотивирано, знаеја како да ги искористат своите шанси и да стигнат до победата. Мелу го отвори резултатот во 9. минута, а точка на триумфот стави Пуки во 84. минута од натпреварот. Барнли по денешниот пораз, како и по вчерашната победа на Евертон над Манчестер Јунајтед, има четири бода негатива зад „карамелите“.

Вест Хем загуби со 2-0 на гостувањето против Брентфорд, меч на кој „чеканите“ го платија данокот на згуснатиот распоред по настапите во европскиот купови. Тони беше херојот на Брентфорд на оваа средба, со гол и асистенција за својата екипа.

Лестер прокнижи нови бодови триумфирајќи со 2-1 на домашен терен против Кристал Палас. Победникот беше решен во финишот од првото полувреме, кога Лукман и Дусбери Хол донесоа водство од 2-0 на „лисиците“. Интересно беше во вториот дел, Заха го промаши пеналот, но судијата покажа тој повторно да се изведе бидејќи Сојунчу предвреме влетал во шеснаесетникот. Шмајхел и при вториот обид беше подобар од Заха, но фудбалерот на Палас сепак успеа да ја смести одбиената топка во мрежата.

Се вчитува...