Барнли му даде отказ на тренерот после 10 години на клупата

Барнли денеска му врачи отказ на тренерот Шон Дајш, после 10 години работа во клубот. Дајш дојде во Барнли во 2012 година, и со него имаа две промоции во Премиерлигата. Тој беше тренер со најдолг статус во Премиерлигата.

50-годишниот стручњак го напушта Барнли во миговите кога тимот се наоѓа во зоната за испаѓање. Тие се на 18. место на табелата, четири поени позади 17-пласираниот Евертон, а до крајот остануваат уште осум кола.

На негово место е назначен Мајк Џексон, досегашниот тренер на Барнли У-23.

Од клубот исто така заминуваат и асистентот Јан Вон, потоа Стив Стоун и тренерот на голманите Били Мерсер.

Се вчитува...