Барса без милост – Дембеле на трибини до крајот на сезонава

Управата на Барселона го загуби трпението со Осман Дембеле, па францускиот репрезентативец на крајот на сезонава ќе си замине од „Камп Ноу“. Сепак, каталонците ќе направат се за последните месеци од престојот во Барселона да биде што помизерен за францускиот офанзивец, откако веќе му соопштиле дека тој повеќе нема да го носи дресот на Барса.

Каталонските медиуми јавуваат дека Лапорта веќе не сака да се занимава со Дембеле, кој инсистирал на огромна плата, но и на бонус од 20 милиони евра за самиот потпис на договорот и уште 20 милиони евра како провизија за неговиот агент во преговорите. Барса е разочарана и што тој веќе преговара со други клубови, па и на тренерот Чави му било кажано дека Французинот не смее да биде во тимот до крајот на сезонава.

Осман Дембеле ја чинеше Барселона над 100 милиони евра при трансферот од Борусија Дортмунд, но овој фудбалер никогаш не ја оправда скапата инвестиција, пред се поради честите повреди во изминатите години откако пристигна во Ла Лига.

Се вчитува...