Барса едвај победи, „црна историја“ на Луис Енрике

Барселона дефинитивно е далеку од посакуваната форма, откако каталонскиот гигант се посрамоти против Леганес, играјќи очаен натпревар против новиот прволигаш и триумфирајќи со 2-1 со пеналот на Меси во 90. минута.

Каталонците рано поведоа преку Меси, но потоа одиграа очајно лоши шеесетина минути, за што казната стигна по грешката на Роберто и израмнувачкиот погодок на Унаи Лопез. Енрике се сети да го повлече од игра катастрофалниот Андре Гомеш, па до победата стигна буквално во последната минута, откако Нејмар изнуди пенал што Меси го претвори во победнички гол што исфрустрираниот Аргентинец воопшто и не го прослави.

Покрај критиките за слабата игра, шпанските новинари извадија уште еден податок „контра“ Луис Енрике, кој ја наруши гордоста на каталонскиот гигант со одлуката мечот да го стартува со само еден Шпанец (Серхио Роберто) и дури десет странци во стартниот тим.

По 118 години и дури 4.250 натпревари, ова е прв случај десетмина странски играчи да почнат меч во стартниот тим на Барселона“ – објавија педантните шпански статистичари.

Lionel Messi Goal HD – Barcelona 1-0 Leganes… by eurofoot4

Unai López Goal HD – Barcelona 1-1 Leganés 19… by HoFoot

Lionel Messi Penalty Goal HD – Barcelona 2-1… by HoFoot

Се вчитува...