Барса го бара Дракслер како дел од трансферот на Нејмар во ПСЖ

Мегатрансферот на Бразилецот Нејмар од Барселона во ПСЖ е пред реализација, а каталонскиот гигант се обидува да извлече што е можно повеќе од неговото заминување. Раководството на клубот побара од ПСЖ во спротивна насока да биде испратен Џулијан Дракслер, германскиот интернационалец кој за сума од 45 милиони евра пристигна на „Паркот на принцовите“ од Волфсбург. Тој е играч за врска со нагласени офанзивни карактеристики, а може да одигра и на крилните позиции, па би бил идеално решение за Барселона во овој момент.

Но, од Франција доаѓа информација дека ПСЖ нема намера да се раздели со Дракслер, затоа што тренерот Унаи Емери во него гледа еден од адутите за претстојната сезона. Очигледно дека Барса нема да има лесна задача во преговорите за ангажман на овој фудбалер.

Се вчитува...