Барса го навреди Динамо со првата понуда за Дани Олмо

Дани Олмо сака да си замине од Динамо Загреб, хрватскиот првак е подготвен да ја исполни желбата на својот најдобар фудбалер, но негова следна дестинација сигурно нема да биде Барселона откако каталонскиот гигант ги налути „модрите“ со првата понуда.

Динамо го процени шпанскиот интернационалец на 40 милиони евра, подготвен е на преговори за мало спуштање на цената, но Барса се чини претера откако понуди прескромни 10 милиони евра за младинскиот шпански репрезентативец. Весникот „Јутарњи лист“ обелодени дека челниците на Динамо биле бесни по ваквиот обид на Барселона да го обезбвредни „шпанскиот бисер“, па сериозно размислуваат дали воопшто да преговараат со каталонскиот гигант.

Хрватскиот шампион во текот на летото одби 19 милиони евра од Борусија Менхенгладбах, по игрите на Олмо во ЛШ сезонава очекува неговата вредност дополнително да скокне. Атлетико Мадрид и Челси исто така покажуваат интерес за Олмо, но се уште не испратиле понуди за младиот Шпанец. Во секој случај, тие ќе бидат повисоки од онаа на Барса, но останува да се види колку ќе бидат блиску до оние 40 милиони евра што Динамо ги бара за својот „бисер“.

Се вчитува...