Барса има „дил“ со Обамејанг, но постои еден голем проблем

Пјер Емерик Обамејанг постигна договор за преселба во редовите на Барселона, но екс-капитенот на Арсенал ќе мора да почека каталонскиот гигант најпрвин да се ослободи од Осман Дембеле за овој трансфер да биде реализиран.

Обамејанг би се преселил на „Камп Ноу“ на шестмесечна позајмица за да стави крај на „кошмарот“во Арсенал, но каталонскиот гигант не може да го регистрира бидејќи со овој трансфер би го надминал буџетот за плати. Единствена солуција е да биде продаден Дембеле, кој има само уште нецели шест месеци од договорот со Барса и каталонците настојуваат по секоја цена да го продадат и да не дозволат тој без никаква отштета да го напушти клубот.

Навалната линија е сериозен проблем по заминувањето на Меси и предвременото пензионирање на Агуеро, па во ситуација кога Депај се мачи со повреда јасно е зошто тренерот Чави настојува покрај Феран Торес да му биде доведен уште еден офанзивен играч во тимот.

Сепак, време има се помалку бидејќи за продажба на Дембеле каталонците имаат само уште два дена…

Се вчитува...