Барса ја одреди цената за Дембеле, трие раце и Борусија Дортмунд

Осман Дембеле ја заврши својата приказна во Барселона, а каталонскиот гигант има проблем да го продаде Французинот до крајот на преодниот рок и да спречи тој на крајот од сезоната да си замине без никаква отштета од „Камп Ноу“.

Аукцијата ја почна Челси со понуда од 15 милиони евра што беше експресно одбиена од Барса, а денеска беше објавено и дека каталонскиот гигант ја објавил цената за Дембеле. Станува збор за сума од 20 милиони евра, која ги заинтересирала челниците на неколку англиски премиерлигаши.

Челси се очекува да испрати нова понуда, а во трката ќе се вклучат и Њукасл и Манчестер Јунајтед. Јувентус останува на планот да го доведе Дембеле како слободен играч во јули, но останува да се види дали Французинот ќе се реши да води инает со управата на Барса, што би значело дека до крајот на сезонава нема да тренира ниту да игра со првиот тим на каталонците, но потоа летово како слободен играч и поголема плата ќе потпише за новиот клуб.

Разврска на целиот случај очекуваат и челниците на неговиот поранешен клуб, Борусија Дортмунд. Имено, но договорот за продажба Борусија вметнала клаузула со која треба да добие пет милиони евра од следниот трансфер на Дембеле, па јасно е дека германскиот клуб навива за продажба на Французинот до крајот на овој месец.

Се вчитува...