Барса ја продолжува трката со Реал и ЦСКА, лесна победа со Зенит

Кошаркарите на Барселона ја продолжуваат битката за втората позиција во Евролигата со Реал Мадрид и ЦСКА Москва откако во 22. коло славеа убедливо на домашен терен против Зенит со 90-72.

Уште од стартот на мечот сосема јасно беше кој ќе ја однесе победата. Со крајно доминантна втора четвртина која Каталонците ја добија со 32-14 веќе беше навестен убедливиот триумф. Во второто полувреме само рутински домашните ја одржуваа предноста за конечна победа.

Најефикасен кај Барселона беше Дилејни со 21 поен, а Густаво Ајон и Ендрју Елбиси кај Зенит запишаа по 16 поени.

Жалгирис, пак, со 74-79 славеше на гостувањето против Лион.

Се вчитува...