Барса нека внимава, ПСЖ се буди

Пари сен Жермен дефинитивно влегува во топ-форма во вториот дел од сезонава, откако „светците“ вечерва рутински славеа на гостувањето против Бордо со 0-3. Иако играа на терен што вообичаено важи за „жежок“ за фаворитите, избраниците на Унаи Емери рутински стигнаа до триумф, четврти во последните пет колa од домашното првенство, воедно испраќајќи сериозно предупредување до Барселона во пресрет на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

Единсон Кавани се наоѓа во извонредна форма, потврдувајќи го тоа и на вечерашниот натпревар со два прекрасни погодоци со волеј удари. Добра вест за ПСЖ е и „будењето“ на Анхел ди Марија, кој со гол и асистенција покажа дека може да му биде од огромна корист на францускиот првак во клучниот дел од сезоната.

Edinson Cavani Goal HD – Bordeaux 0-1 PSG 10… by dailyfootballkick

0-2 But de Ángel Di María – Girondins Bordeaux… by gs-bn

Edinson Cavani second Goal HD – Bordeaux 0 – 3… by denysenathan

Се вчитува...