Барселона објавува низа важни потписи за останување на Ханси Флик и Рафиња, но каталонскиот гигант ќе остане без посакуваното големо засилување откако Џонатан Тах реши по заминувањето од Баер Леверкузен да остане во Бундес-лигата, прифаќајќи ја понудата на Баерн Минхен.
Флик го имаше пикирано токму Тах како идеално засилување за одбранбената линија, а клупската управа даде зелено светло ако се знае дека договорот му истекува летово и може без никаква отштета да пристигне во Барса. Пред неколку месеци се тврдеше дека е потпишан дури и преддоговор, но сега веќе е јасно дека тоа не е вистина. Тах во меѓувреме го смени ставот, беше поврзуван дури и со Реал Мадрид откако стана јасно дека Чаби Алонсо ќе биде нов тренер на „кралевите“, но на крајот пресуди желбата на фудбалерот да остане во татковината.
Договорени се сите детали од четиригодишната соработка што ќе стартува летово, а останува само уште една дилема. Имено, Баерн сака да го доведе Тах на почетокот од јуни за дефанзивецот да може да игра на клупскиот мундијал, па во следните денови ќе следат преговори со Леверкузен за овој трансфер да се реализира. Доколку тоа не се случи, Тах ќе го гледа мундијалот на ТВ, по што и официјално на 1 јули 2025 ќе се пресели на „Алијанц Арена“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА