Барса останува без легендарниот дефанзивец: Пике се поблиску до пензија

Еден од најискусните фудбалери на Барселона, Џерард Пике е пред донесување на конечна одлука за неговата иднина. Имено, одличниот стопер сериозно веќе размислува да стави крај на кариерата по крајот на оваа сезона. Оваа информација се појави уште пред еден месец, но сега се чини дека дефанзивецот е блиску да донесе таква одлука, да го остави фудбалот.

Според каталонскиот весник „Спорт“, Пике има договор со Барселона до 2024 година, но голема е веројатноста тој да стави крај на кариерата на 35 годишна возраст. Пике е продукт на познатата академија на Барселона, одреден период помина во Манчестер Јунајтед, а потоа во 2008 година се врати на „Камп Ноу“ и од тогаш е неизоставен дел од тимот на „каталонците“.

Во својата богата кариера за гигантот од Каталонија одиграл 593 натпревари на кои постигнал 52 погодоци и запишал 13 асистенции. И оваа сезона има стандардно место во првиот тим и досега има одиграно 27 натпревари, па затоа чуди ваквата информација пренесена од весникот со добро упатени извори токму од Барселона.

Се вчитува...