Барса подготвува офанзива за Ерлинг Халанд

Барселона има атомски напад со Рафиња како „деветка“, но директорот Деко е решен да доведе и класичен голгетер на „Камп Ноу“ како последно делче од овој шампионски мозаик на Барса.

Откако летово не успеа да стигне до потписот на Алварез, Деко има уште поголеми соништа за наредното лето – па уште од сега почна да го планира мегатрансферот на Ерлинг Халанд од Манчестер Сити.

Иднината на Норвежанецот стана крајно неизвесна по одлуката за вина на Сити во големиот англиски фудбалски скандал, по што се најавува дека „граѓаните“ ќе бидат драстично казнети, ќе останат без седум освоени титули во изминатиот период, но и што е уште поважно – би можеле да бидат исфрлени од Премиер-лигата.

Во Барса будно ја следат ситуацијата и веќе стапиле во контакт со Халанд и неговите најблиски, јасно истакнувајќи ја подготвеноста да го доведат Норвежанецот. Тој засега молчи и не дава било каков коментар околу последните случувања, но повеќе од јасно е дека ако Сити биде драстично казнет, Ерлинг многу лесно би можел да стане достапен на пазарот.

Тој во новиот договор нема клаузула со која би можел да си замине во случај на испаѓање, но во Барса се оптимисти дека со сума меѓу 130 и 150 милиони евра би го осигурале потписот на еден од најдобрите голгетери на денешницата. Впрочем, Барселона во своите редови го има и Родри, кој важи за добар пријател на Халанд додека ги бранеше боите на Манчестер Сити, па нема сомнеж дека и шпанскиот играч за врска ќе биде значаен адут во убедувањето на Ерлинг кариерата да ја продолжи токму на „Камп Ноу“.

Се вчитува...