Барса подобра од Атлетико во Мадрид, на чекор од финалето во Купот на Шпанија

Барселона е на чекор од финалето во Купот на Шпанија, откако во првиот натпревар од полуфиналната пресметка славеше со 1-2 на гостувањето против Атлетико во Мадрид.

Каталонците во одличен ритам го почна дуелот со два брзи гола, најпрво на Суарез во 7. минута а потоа и на Лионел Меси во 33. минута.

Во второто полувреме, Атлетико Мадрид успеа само да постигне почесен погодок преку Гризман во 59. минута.

%////#% by nammakudla

Реванш натпреварот од полуфиналето е на 7. февруари. Вториот полуфинален двобој се игра утре меѓу Селта и Алавес.

Се вчитува...