Барса сакаше да го отстрани, но Чави го убеди Лапорта дека Дембеле треба да игра

Крилниот напаѓач на Барселона, Усман Дембеле ќе биде во комбинација за 23. коло со Атлетико Мадрид. Французинот не успеа да се договори со раководството на каталонскиот тим за нов договор, и на лето заминува. Требаше да биде продаден зимово, но не успеа да се договори со Тотенхем или со ПСЖ.

Но, откако не успеа да се договори ниту со еден тим за заминување, па така Лапорта сакаше веднаш да му го раскине договорот. Меѓутоа тренерот Чави успеал да го убеди претседателот Лапорта дека Дембеле треба да игра, а не да биде отстранет од екипата.

Лапорта наводно ги прифатил овие аргументи, и затоа тренерот на „Каталонците“ ќе го вклучи во составот за дуелот со Атлетико викендов.

Се вчитува...