Барса се премисли – нема да го враќа Дани Алвеш

Дани Алвеш сепак нема да се врати назад во Барселона и покрај големата желба на искусниот десен бек токму на „Камп Ноу“ да ја заврши својата кариера.

Бразилецот неколку месеци е без клуб по раскинот на договорот со Сао Паоло и уште тогаш се понуди да се врати назад во Барса. Овој трансфер во октомври беше блокиран од екс-тренерот Роналд Куман, а каталонските медиуми најавија дека ситуацијата е променета со доаѓањето на Чави, кој своевремено како играч имаше беспрекорна соработка со Алвеш.

Во текот на денешниот ден дошло до состанок меѓу Чави и клупските директори на кои главна тема бил бразилскиот ветеран, но новиот тренер пресекол дека неговото доаѓање воопшто не треба да биде приоритет. Во таква ситуација, каталонците се решиле да ја откажат закажаната средба со Алвеш, со што и дефинитивно се откажуваат од намерата да го доведат овој фудбалер во своите редови.

Дани Алвеш има одиграно 391 меч за Барса, притоа постигнувајќи 21 погодок и 110 асистенции. Тој си замина од Барселона во 2016 година, селејќи се во редовите на Јувентус.

Се вчитува...