Барса со „коцкасти“ дресови во новата сезона (ФОТО)

Барселона и официјално ги претстави дресовите за наредната сезона, а очигледна е значителната промена во дизајнот. Имено, сино-црвената комбинација овојпат не е дизајнирана во вертикални линии, туку Меси и соиграчите од август ќе почнат со „коцкасти дресови“.

Првичните реакции на навивачите се различни, од комплименти до сериозни критики, но едно е сигурно, Барса повторно ќе продаде десетици милиони дресови ширум светот како што тоа го прави секоја година.

Се вчитува...