Барса со поддршка до Фати: И Меси често се повредуваше на почетокот од кариерата

Многумина се осмелуваат да го споредат Ансу Фати со Лионел Меси, со оглед на тоа што млад влезе во првиот тим, собори неколку рекорди и најави дека може да направи блескава играчка кариера.

Сепак, повредите драстично го запреа развојот на младиот напаѓач кој најверојатно и оваа сезона ќе ја заврши во јануари. Минатата недела доживеа повреда на мечот од Купот, против Атлетик Билбао и ако одлучи да прави операција, нема да се врати пред почетокот на следната натпреварувачка кампања.

Каталонски медиуми тврдат дека Фати е во депресија последните денови што можеше да се заклучи и од неговата реакција по повредата кога во солзи го напушти теренот. За да го смири, раководството на Барселона посетува дека и Лионел Меси, кој во првиот тим дебитираше на 17 години, во почетната фаза од кариерата често се повредуваше и беше надвор од терените.

Тоа е сосема точно, во првите три сезони како првотимец, Меси забележа вкупно 70 настапи во сите натпреварувања што е малку во однос на неговиот потенцијал. Не играше во завршницата од сезоната 2005/06 кога Барселона ја освои титулата во Лигата на шампионите поради повреда на реванш дуелот со Челси во осминафиналето од елитното натпреварвање. И следната сезона се повреди во ноември поради што беше надвор од тимот три месеци за веднаш по враќањето да заигра против Реал и да постигне хет-трик во Ел Класико. Таа година (2007) почна неговиот рапиден прогрес кој резултираше со тоа, Меси да стане најдобар фудбалер на сите времиња.

Се вчитува...