Барса цели пет месеци без Видал

Повредата што Алеиш Видал ја заработи во финишот од дуелот со Алавес ќе го оддалечи десниот бек на Барселона дури пет месеци од фудбалските терени. Уште при самиот пад стана јасно дека повредата е многу сериозна, а деталните прегледи само го потврдија она од што каталонците стравуваа – станува збор за фрактура на коска во скочниот ззглоб.

Повредата е многу сериозна и Видал ќе мора да отсуствува најмалку пет месеци од терените. Ова практично значи дека сезонава е завршена за овој фудбалер“ – соопштија од лекарскиот тим на каталонскиот гигант.

Видал сезона и половина беше во немилост на тренерот Луис Енрике, а повредата доаѓа во најлош момент, откако тој конечно се избори за првотимски статус во редовите на Барса. Енрике сега останува со младиот Серхио Роберто како единствена опција на позицијата десен бек.

Се вчитува...