Барса уште во јануари тргнува по Ван де Бек

Барселона останува заинтересирана за играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек кој изрази решителност да го напушти „Олд Трафорд“.

„Каталонците“ уште во јануари ќе се обидат да дојдат до потписот на холандскиот фудбалер, и тоа како позајмен играч, со можност да биде откупен.

Новиот агент на Ван де Бек е Алу Дурсун, кој работи со Френки де Јонг, и тоа може да ја олесни работата во реализацијата на овој трансфер.

Се вчитува...