Барселона и официјално ја одбрани шампионската титула во Ла Лига со минималниот триумф (1-0) против Леванте на „Камп Ноу“. Аргентинскиот ас Лионел Меси беше стрелец на победничкиот гол за каталонскиот гигант во 62.минута од мечот.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди доби шанса за настап во гостинскиот состав во последните 25 минути. Тренерот Пако Лопез му даде шанса по примениот гол, но ниту Барди не можеше да спречи Барселона да оствари триумф и да ја прослави десеттата шампионска титула во последните 15 години во Ла Лига, вкупно 26. првенствен пехар за овој клуб.
Енис Барди можеше да ја расипе забавата на домаќинот, но ја погоди стативата во 89.минута, а потоа топката се врати во рацете на голманот Тер Штеген.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА