Барселона ги реши финансиските проблеми, сега ќе ангажира бесплатно тројца играчи на Челси

Барселона полека се стабилизира. Тимот кој беше во финансиска криза, се очекува да најде решение на проблемите и тоа откако ќе потпише со главниот спонзор кој ќе биде „Спортифај“. Шпанските медиуми веќе пишуваат дека преговорите се завршение, и дека е договорена тригодишна соработка која ќе почне од лето, а „Каталонците“ би требало да инкасираат нешто помалку од 300 милиони евра од овој договор.

Веднаш почнаа и шпекулациите околу засилувања за тимот следното лето. Чави ќе се сврти кон „слободните“ играчи, а тројца од нив би требало да дојдат од Челси.

Јасно е дека Барселона ги сака во своите редови Азпиликуета и Кристенсен кому им истекуваат договорите на лето, а сега се шпекулира дека Барса се вклучила во трката и за Антонио Ридигер. Германецот одбива да го продолжи договорот со „сините“ и веројатно на лето ќе има нов клуб. Покрај Барселона, за него се интересира и Реал Мадрид.

Се вчитува...